Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека тој без никаков притисок однадвор ќе донесе решение за испорака на носачите на хеликоптери на Русија, пренесува France-Presse.
Сакрози смета дека Франција треба да ги испорача „Мистралите“ на Русија
„Јас ќе го донесам решението без никаков притисок, и тоа врз основа на два критериума: интересите на Франција и проценката на ситуацијата од моја страна“, изјави Оланд на прес-конференцијата по завршувањето на самитот Г-20.
Првиот носач на хеликоптери од типот „Мистрал“ требаше да биде предаден на Русија на 14 ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.