Во културниот главен град на Русија Претседателската и Руската национална библиотека започнаа создавање на алтернатива на „Википедија“, се соопштува на интернет-страницата на Претседателската библиотека.
„Започнато е создавање на алтернатива на ‘Википедија’ – анализата на овој ресурс покажа дека тој не е способен подробно и точно да информира за руските региони и животот во државата“, се кажува во соопштението.
За создавање на базата во Санкт Петербург предадени се 50.000 книги и архивски материјали од 27 библиотеки од регионите на Русија. Овие материјали, како и материјалите на “Википедија“ ќе бидат отворени за постојано дополнување и ажурирање. Организаторите на проектот се уверени дека електронската енциклопедија ќе стане еден од најкористените ресурси на рускиот сегмент од Интернет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче