Псаки: Русија нема потреба од зголемување на тренинг-летовите на авијацијата

Псаки забележа дека американските власти ја разбираат неопходноста за извршување на тренинг-летови на вооружените сили.

Русија нема потреба од зголемување на обемот на тренинг-летови на бомбардерите и авионите. Ова го соопштува ТАСС, повикувајќи се на зборовите на Џејн Псаки за време на прес-службата во Стејт департментот.

 

Ден претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека ќе биде зголемен бројот на летови покрај воздушните граници на западните држави. Ова тој го објаснува со потребата од воено присуство во западниот дел на Атлантскиот и источниот дел на Тихиот океан, како и над водите на Карипскиот басен и Мексиканскиот залив.

Псаки забележа дека американските власти ја разбираат неопходноста за извршување на тренинг-летови на вооружените сили.

„...но ние не гледаме дека ситуацијата во светот ја оправдува таа дејност на Вооружените сили на Русија“, изјави Псаки. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња