Шефот на Роскосмос Олег Остапенко изјави дека во декември ќе биде претставена новата федерална вселенска програма на Русија за периодот од 2016 до 2025 година, пренесува РИА Новости.
„Конкретни цифри за буџетот на новата програма засега нема, бидејќи таа сѐ уште не е усогласена со сите оддели. Кога ќе биде сѐ јасно, тогаш сумата ќе биде објавена, како и тоа каде ќе заминат сите тие средства. Програмата во моментов се разгледува од федералниот орган, и сметам дека во декември истата ќе биде претставена на Владата на Русија“, изјави Остапенко.
Тој уточни дека во новата програма ќе влезе и проектот за создавање на супертешка ракета-носач.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче