Успешно завршија првите тестови на новиот мотор за рускиот „невидлив“ бомбардер

За време на тестирањата моторот покажа карактеристики блиски до зададените.

На претпријатието „Кузнецов“ успешно завршија првите земни тестови на прототипот на новиот мотор за перспективниот „невидлив“ бомбардер, попознат како ПАК ДА, пренесува РИА Новости.

Создавањето на моторот за новиот руски бомбардер е еден од основните правци во ова претпријатие. Во моментов се врши евалуација на роковите за производство на овој мотор. Се планира првиот лет на овој бомбардер да се изврши во 2019 година.

За време на тестирањата моторот покажа карактеристики блиски до зададените.

„Првиот успешен тест на експерименталниот мотор е голем успех за претпријатието“, изјави извршниот директор на „Кузнецов“, Николај Јакушин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња