Рускиот концерн „Алмаз-Антеј“ планира да одржи преговори со кинеските колеги во градот Чухај, каде од 11 до 16 ноември се планира одржување на изложбата „Аерошоу Чајна-2014“. Целта на преговорите е создавање на центар за послепродажно сервисирање на воената техника и системите за противвоздушна одбрана, изјави во средата прес-службата на концернот.
Како што изјави заменикот на генералниот директор за надворешно-економска дејност на „Алмаз-Антеј“, Вјачеслав Ѕиркалн, создавањето на технички центри за сервисирање, ремонт и модернизација на претходно испорачаната техника е важен чекор во соработката со Кина, пренесува РИА Новости.
Според неговите зборови, специјалистите на концернот ќе одржат презентација пред кинеските колеги околу можностите за модернизирање на ракетниот систем „Тор-МА“, кој веќе е испорачан во Кина. Освен овој систем, Кина има купено значителен број други видови ПВО системи - С-300, „Риф-М“ и „Штиљ-1“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче