Министерството за одбрана на Ирак ги вклучи во составот на својата армија руските ударни хеликоптери Ми-28НЕ „Ноќен ловец“ по завршувањето на подготовката за борбена примена.
Според информацијата на агенцијата INA, на официјалната церемонија, одржана на 29 октомври, присуствуваше министерот за одбрана на Ирак, Халид ал-Обејди, заедно со военото раководство на државата. Наскоро хеликоптерите ќе бидат испратени во соодветните авиобази, каде ќе земат учество во борбените операции против борците на „Исламската држава“.
Ирак во 2012 година склучи договор за испорака на 28 ударни хеликоптери Ми-35М и 15 Ми-28НЕ.
Првите четири Ми-35М се испорачани во Ирак во 2013 година, а за испораката на првите хеликоптери Ми-28НЕ беше објавено на 2 јули 2014 година.
Хеликоптерот Ми-28НЕ „Ноќен ловец“ е предвиден за барање и уништување на непријателот во било кое време од денот, при најразлични метеоролошки услови. Вооружувањето на хеликоптерот вклучува 30-мм топ, ракети „Игла-Б“ и Р-73, универзални контејнери за муниција и 23-мм топови ГШ-23Л.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче