„Комерсант“: „Роснефт“ предложи да се замрзне „Јужен тек“ и ЕУ однапред да плаќа за гасот

Како што соопшти „Комерсант“, компанијата која е мета на санкциите подготвува цела низа возвратни мерки.

„Роснефт“ предложи да се воведено стопроцентно плаќање однапред за испораките на гас во Европската унија, како и да се замрзне проектот за „Јужен тек“, јавува „Комерсант“, повикувајќи се на неколку федерални функционери.

Воведувањето на стопроцентно авансно плаќање за испораките на гас во ЕУ, според мислењето на авторот на овој предлог, „ќе доведе до подобрување на економијата на ’Гаспром’ и влошување на ситуацијата за европските корисници на гас, бидејќи тоа бара ангажирање на поголеми суми средства кои се наоѓаат во промет“, ги пренесува „Комерсант“ зборовите на авторот на предлогот.

Коментирајќи ја идејата да се замрзне проектот „Јужен тек“, авторите на документот подвлекуваат дека „Европската унија, и покрај тоа што привидно се спротивставува, е доста заинтересирана за реализација на овој проект, бидејќи проблемот за енергетската безбедност на Европа се решава со средствата кои ги вложува Русија“. „Роснефт“ предложува алтернатива: вниманието да се насочи кон азиско-тихоокеанскиот регион, и на независните произведувачи на гас во Источен Сибир и на рускиот Далечен Исток да им се овозможи пристап до гасоводите.

„Роснефт“, кој веќе е цел на европските санкции, предлага и евентуална конфискација на имотот на САД и ЕУ, како и имотот на нивните граѓани во Русија како компензација за неисполнетите договори. Освен тоа, компанијата предлага мораториум за извоз на опремата за експлоатација на нафта и гас која веќе ѝ е испорачана на Русија, но е забрането нејзиноот користење во руските проекти, како и ограничување на меѓународната соработка во користењето на руските модули на Меѓународната вселенска станица и забрана за складирање на нуклеарниот отпад од ЕУ и САД.

„Роснефт“ во меѓувреме ја коментираше веста на „Комерсант“ дека во подготовка се предлог мерки против санкциите и изјави дека ќе го тужи „Комерсант“. Веста дека „Роснефт“ предложил возвратни мерки на санкциите на Западот ја демантираше и портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.