Рускиот електричен автомобил E-Trike ќе се произведува сериски од 2016 година

Новиот руски електричен автомобил E-Trike ќе биде претставен во Москва на Меѓународниот форум „Отворени иновации“.

Новиот руски електричен автомобил E-Trike ќе биде претставен во Москва на Меѓународниот форум „Отворени иновации“, пренесува „Руската служба за вести“.

Новиот автомобил ќе биде произведуван во Мордовија. Автомобилот ќе се напојува од домашната електрична мрежа, акумулаторот ќе се полни за четири часа и ќе може да помине 100 километри со едно полнење. Максималната брзина на движење е 90 км/час.

Сериското производство е планирано во 2016 година, а цената во Русија на овој електричен автомобил ќе се движи од 6 до 8 илјади евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.