Русија планира создавање мобилни воени гратчиња, кои при потреба ќе може да се склопат, соберат и пренесат на друго место. Ова го пренесува весникот „Известија“, повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана.
„Дислокацијата на Вооружените сили не е лесна. Но ние можеме да го дислоцираме мобилното воено гратче кога ќе посакаме“, изјави извор за весникот.
Според податоците на весникот, проектите за објекти во овие гратчиња не се утврдени. Се забележува дека Главната управа за опремување на војската планира да изгради околу 15 фабрики каде ќе се произведуваат деталите за објектите кои ќе бидат користени во мобилните воени гратчиња.
Како што пишува весникот, до 2017 година ќе бидат модернизирани околу 495 воени гратчиња.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче