Русија од 22 октомври воведува забрана за увоз на растителни производи од Украина, се кажува во соопштение на Федералната агенција за ветеринарна и фитосанитарна контрола.
Според мислењето на Агенцијата, наглото зголемување на испораките на земјоделски производи од Украина, отсуството или намерното отстранување на етикетите од пакувањата – зборуваат за реекспорт на европски производи, за кои во Русија има воведено забрана за увоз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.