Грибускајте: Литванија може и без рускиот гас

Според зборовите на литванскиот претседател, наскоро во државата ќе се појави терминал за течен гас.

Литванија може да издржи и без рускиот гас откако ќе започне да работи терминалот за течен гас, изјави претседателот на Државата, Далја Грибускајте, во интервју за Ројтерс.

Според нејзините зборови, со помош на овој термин во Клајпедското пристаниште, Литванија ќе може не само да ги задоволи своите потреби од гас, туку и да испорачува гас во соседните земји.

„Ние нема да зависиме од испораките на ‘Гаспром’. Во случај да дојде до прекини на испораките, нашиот терминал може да задоволи околу 90% од потребите на трите балтички држави – Литванија, Латвија и Естонија“, изјави Грибускајте.

Договорот меѓу „Гаспром“и Литванија истекува кон крајот на 2015 година. Според зборовите на Грибускајте, договорот одново ќе биде потпишан, но само ако руската компанија исполни неколку услови. Отворањето на терминалот за течен гас е планирано на 27 октомври годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња