Претседателот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков го советува австралискиот премиер Тони Абот да се извини на Владимир Путин, пренесува ТАСС.
Според мислењето на Пушков, австралискиот премиер треба да се извини после интервјуот за германското списание Der Spiegel, во кое тој даде коментар за срушениот Боинг 777 во Украина.
„Извештајот на германското разузнавање ја става под знак прашалник верзијата која беше донесена од Западот, односно, дека Русија им предала на припадниците на самоодбраната противвоздушни ракети „Бук“, со кои бил срушен малезискиот Боинг. Русија нема никаква поврзаност со срушениот Боинг. И премиерот на Австралија треба да си ги повлече своите закани дека ќе тргне во директен судир со Путин кога тој ќе дојде на Г-20 во Австралија“, изјави Пушков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче