Заклучок од средбата на шефовите на министерствата за надворешни работи на ЕУ е дека Европската унија не е подготвена да ги укине санкциите против Русија, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на Кетрин Ештин, претставник на ЕУ за надворешни работи.
„И покрај одредениот прогрес (исполнување на Минскиот протокол), уште многу нешта треба да се завршат. Процесот на прекин на огнот засега не се почитува во целост“, забележа Ештон.
Исто така, таа забележа дека Европа ќе продолжи да му помага на настраданото население во Украина.
„Што се однесува до санкциите против Русија - сѐ останува како и досега“, додаде Ештон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче