Американскиот PayPal воведе ограничувања за електронските плаќања во Русија

PayPal воведе нови ограничиувања.

Американскиот платежен систем PayPal воведе ограничувања за извршување електронски плаќања во Русија. Причина за ваквите мерки е пактот „антитерористички поправки“, пренесува ТАСС, повикувајќи се на измените во договорот за користење на услугите, кој треба да стапи на сила на 18 ноември.

Физичките лица кои не поминале низ процесот на потврда на идентитетот, не можат да префрлат сума поголема од 15.000 рубљи. Максималната сума за единечно праќање средства е 15.000 рубљи, а вкупната сума месечно не може да надмине 40.000 рубљи. Корисниците кои поминале низ процесот на потврда на идентитетот ќе можат да праќаат до 550.000 рубљи месечно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња