Берлин одби да ги ублажи санкциите кон Русија

Германската влада не попушта во однос на санкциите кон Русија.

Одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин да ги повлече единиците од границата со Украина нема да донесе до ублажување на економските санкции кон Москва, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт, а пренесува порталот vz.ru.

Зајберт повлекувањето на единиците го карактеризираше како „чекор кон попуштање на напрегнатоста во регионот“, но истовремено истана дека, „како што е познато од искуството, руската страна повеќепати пред важните светски средби давала изјави до кои покасно не се придржувала“, пренесува Deutsche Welle.

Се важат само делата, додаде портпаролот на Владата на Германија. „Во моментов не гледам причина за сомневање во исходот на воведените санкции“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња