Претседателот на Финска, Саули Нинисте изјави дека е потребно да продолжат преговорија меѓу Западот и Русија. Ова мислење финскиот лидер го искажа во интервју за канадскиот весник The Globe and Mail. Нинисте ја посети Отава минатата недела, но интервјуто за весникот е објавено вчера.
Според мислењето на финскиот претседател, украинската криза може да доведе до појава на нова „студена војна“ доколку Русија и Западот не покажат дека се способни да одржат конструктивен дијалог. Како што подвлече Нинисте, Финска во целост ги поддржува антируските аснкции на ЕУ. Сепак, шефот на државата смета дека треба да се продолжат преговорите, се кажува во статијата.
„Ми се чини дека ужасна катастрофа надвисна над Украина и украинскиот народ. Едноставно тоа е неверојатно. Дополнително – кризата станува глобална. Се појавува прашањето – дали се враќаме кон нова „студена војна“, која никому не му носи полза?“, забележа Нинисте.
Тој подвлече дека ЕУ, САД и Канада треба да обезбедат „отворени линии“ со Москва и треба да бидат подготвени за укинување на санкциите во иднина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче