Изградбата на инфраструктурата за нуклеарната централа „Акују“ според руски проект може да започне есента во 2015 година, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз.
„Планираме да започнеме со земјените работи за изградба на нуклеарната централа ‘Акују’ во март или април“, изјави Јулдиз за време на средбата со турските студенти кои заминаа на обука во Русија за да го научат принципот на работа на нуклеарната централа.
Јулдиз додаде дека изградбата на нуклеарната централа „Акују“ во турската провинција Мерсин на крајбрежјето на Средоземното море бара инвестиции од 22 милијарди долари. Се планира нуклеарната централа за започне со производство на електрична енергија во 2020 година, а во целост ќе биде стапи во функција во 2023 година, за 100-годишнината од создавањето на Турската Република.
Договорот меѓу Русија и Турција за изградба на нуклеарната централа беше потпишан во 2010 година. Изградбата е доверена на руската компанија „Атомстројекспорт“, ќерка-компанија на Росатом. Проектот вклучува изградба на четири нуклеарни реактори, со што ќе се дозволи да се генерираат 35 трилиони киловат часови електрична енергија годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче