Главен непријател на Русија е САД, сведочат резултатите од анкетата на ВЦИОМ.
Во 2008 година само 25% од жителите на Русија изразувале антипатија кон САД, додека сега дури 73% од жителите на Русија ги сметаат САД за непријател. Второто место меѓу непријателите според Русите е Украина – 32%. Порасна и негативниот однос кон Германија и Европската унија – од 1% во 2008 до 10% сега. Непријателски држави според Русите се и Англија (9%), Полска (6%), Канада (3%) и Франција (3%).
Најголем пријател на светската арена, според Русите, е Кина. Во 2008 година само 23% ја сметале Кина за пријателска земја, додека сега 51% го сметаат истото.
На второ место е Белорусија (32%), а на третото се најде Казахстан (20%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче