Првото тест-лансирање на тешката верзија на ракетата-носач „Ангара“ ќе се случи од 20 до 30 декември 2014 година, а сите подготовки за лансирањето одат според планираното, изјави за новинарите во саботата командантот на ВКО, генерал-поручник Александар Головко.
„Работата на космодромот се одвива според планираното. На 20 ноември треба да ги извршиме првите подготовки за лансирање“, изјави Головко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.