Ал-Убари: испорачаните МиГ-35 во Египет ќе го променат балансот на силите во регионот

Појавата на МиГ-35 од Русија во Египет после преговорите кои треба да се одржат во Каиро овој месец – можат да го изменат балансот на силите во регионот, уверени се египетските воени експерти и новинари.

Појавата на МиГ-35 во сопственост на Египет после преговорите кои треба да се одржат во Каиро овој месец – можат да го изменат балансот на силите во регионот, уверени се египетските воени експерти и новинари.

Темата за можните испораки на воена техника од Русија во Египет повторно стана една од главните во локалните весници и телевизиски програми. Последен пат со ваков интерес за руското оружје се зборувало после посетата на претседателот Абдел Фатах ас-Сиси во август во Русија. Сега повод стана изјавата на генералниот директор на руската корпорација „МиГ“, Сергеј Коротков, кој изјави дека во октомври се планираат преговори за купување на партија авиони МиГ-35 од страна на Каиро.

Водителот на египетската програма „90 минути“, коментирајќи ја оваа информација, изјави дека „Египќаните се радуваат на оваа зделка, бидејќи таа ќе овозможи да се врати балансот на силите на Блискиот Исток и самодовербата на Египет“.

Неговиот гост во студиото, генералот Мухамед ал-Убари, претходно декан на факултетот за национална одбрана, го спореди рускиот авион со американскиот F-15, забележувајќи дека Каиро е принуден да бара нови извори за испорака на оружје поради политичкиот притисок од САД.

„Америка секогаш се стремела да ги зачува своите односи со Египет. Во случај ако се оствари воената зделка со Русија, безусловно, тоа ќе го промени балансот на силите во регионот, после што САД ќе бидат приморани повторно да ја разгледаат својата политика кон Каиро“, изјави воениот експерт. 

Повеќе околу темата: 

Во Русија сакаат да направат невидлив ловец од петтата генерација врз основа на МиГ-35

МиГ-31 - чекор пред времето

Руската гордост

Најдобрите руски борбени авиони

Графикон: МиГ-35

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.