Руската армија во 2015 година ќе има седум бригади, вооружени со оперативно-тактички комплекси „Искандер-М“, соопшти за новинарите командантот на Пешадијата на РФ, генерал-полковник Олег Саљуков.
„Во моментов за Армијата испорачани се четири комплекси од новиот комплекс „Искандер-М“. До крајот на оваа година се планира испорака на уште еден полк за Централниот воен округ. Во 2015 година ќе се испорачаат два полка за ракетните единици во Јужниот и Источниот воен округ“, изјави Саљуков, одговарајќи на прашањето колку комплекси „Искандер-М“ ќе добие Армијата следната година.
Повеќе околу темата:
Александар Македонски од 21 век
Зошто Искандерите се во Калининград?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.