Медведев: Русија треба да биде подготвена за било какво сценарио

Русија треба да биде подготвена за било каков развој на сценариото во однос на санкциите, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев за време на состанокот посветен на програмата за поддршка на Русите кои самостојно се запишуваат на факултети во странство.

Тој подвлече дека „нашата макроекономија засега е стабилна и дека се забележува суфицит во федералниот буџет“.

Според неговите зборови, во неколку гранки се забележува позитивна динамика. Премиерот го спомна земјоделството, додавајќи дека аграрниот бизнис годинава порасна за 5%.

„Јасно е дека тоа е поврзано со годинешната реколта и род, но тоа потекнува и од институционалната поддршка“, изјави тој.

„Во секој случај, треба да бидеме подготвени за различни сценарија, и затоа треба да се занимаваме, пред сѐ, со зголемување на конкурентноста на нашата економија“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња