Околу 9,5 милиони фармери од Европската унија ќе настрадаат од руската забрана за увоз на производи, воведена како одговор на санкциите од ЕУ, се кажува во соопштение на Европскиот парламент.
Русија на 7 август го ограничи увозот на неколку производи од државите кои воведоа санкции против неа: САД, државите на ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. Во списокот на производи се најдоа: свинското и говедското месо, овошјето, зеленчукот, кашкавалот и млечните производи, јаткастите овошја и други производи.
„Сегашните мерки од Русија ќе ја чинат европската економија 5 милијарди евра и ќе оштетат 9,5 милиони фармери“, се кажува во соопштението.
Притоа, населението на Европската унија изнесува околу 500 милиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче