Росатом ќе го ликвидира насобраниот радиоактивен отпад во последните 25 години во Русија

Државната корпорација „Росатом“ планира во следните 20-25 години да ги заврши работите околу ликвидирањето на насобраниот радиоактивен отпад во Русија, изјави генералниот директор на Росатом, Сергеј Кириенко.

„Во Русија законодавно се прифатени принципите за справување со радиоактивниот отпад. Задолжителното, безбедно и економски ефективно уништување на отпадот треба да обезбеди заштита на здравјето на идните генерации, ослободувајќи ги од бремето на насобраните отпадоци. Во следните 20-25 години треба да заврши работата околу ликвидирањето на радиоактивните отпадоци“, изјави Кириенко.

Според неговите зборови, таквите работи вклучуваат преработка на останатото преработено нуклеарно гориво и закопување на остатоците. 

Повеќе околу темата: Русија ќе гради нуклеарни централи во Африка, Иран и Финска

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња