Главната мака за САД во моментов се Русија и Кина, кои сѐ повеќе се поддржуваат на меѓународната арена и не го следат Вашингтон во вршењето притисок врз режимите кои не му се потчинуваат, пишуваат новинарите на весникот „The Washington Times“.
Тоа не е студена војна – тоа е далеку посложено од тоа, сметаат експертите од весникот, Даглас Шоен и Малик Кејлен. Според нивното мислење, сојузот меѓу Русија и Кина претставува главна опасност за националната безбедност на Америка.
Според мислењето на експертите, Русија и Кина пружат еден на друг стратешка поддршка на светската арена. И не само тоа, тие ги зголемуваат своите воени буџети и инвестиции во одбранбениот сектор.
Освен тоа, Шоен и Кејлен ја критикуваат Русија и Кина поради тоа што тие се држат до ставот кој е спротивен на американскиот во врска со земјите чии власти не се по волја на Вашингтон. Русија и Кина во своите постапки се потпираат на „недостатокот на стратешка далековидост и политички амбиции“ на САД и целиот Запад, се наведува во материјалот. Авторите се уверени дека „само САД“ можат да дадат достоен одговор на „антидемократското однесување“ на Русија и Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче