Повеќе од 10 комплекси од системот за контрола на космичкото пространство од новата генерација ќе се појават во различни региони на Русија до 2018 година, изјави во петокот Алексеј Золотухин, претставник од Министерството за одбрана на Русија.
„Во моментов војските на Воздушно-вселенската одрбана ги усовршуваат системите за вооружување. На територијата на Русија се создава мрежа на радиолокациски станици од новата генерација „Воронеж“, системи за предупредување од ракетен напад. Тоа ќе обезбеди до 2018 година да имаме глобална радиолокациска контрола на целата територија на Русија“, изјави тој.
Според зборовите на Золотухин, создавањето и најновите ласерно-оптички и радиотехнички комплекси за распознавање на космичките објекти ќе овозможи забележително да се зголеми контролата во вселената.
Повеќе околу темата: За седум години пет радиолокациски станици во Русија, Радиолокациски станици во Алтај и Краснојарск
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче