Пушков: државите кои донесоа санкции против Русија не треба да се надеваат на нашата поддршка

САД и европските држави кои воведоа санкции против Русија поради ситуацијата во Украина не треба да се надеваат на поддршката на Русија во сите меѓународни прашања, изјави претседателот на комитетот за меѓународни односи, Алексеј Пушков за време на својот говор во Државната дума во средата.

„Вашингтон има чудна политика. Носат нови и нови санкции против нашата држава, против нашето раководство, сакаат изолација на Русија во светот, дофрлаат  на Европа да воведе санкции, ќе носат војници во Источна Европа - и дури сметаат дека е можно да се обраќаат кон Москва секогаш кога ќе им треба тоа. Мислам дека длабоко се во заблуда“, изјави Пушков.

Според зборовите на Пушков, Вашингтон и Брисел се обидуваат да ја однесат украинската криза на ново ниво, на ниво на долготрајна конфронтација меѓу Западот и Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња