Лавров: „точката од која нема враќање“ во односите меѓу Русија и ЕУ сѐ уште не е помината

Односите меѓу Русија и ЕУ во моментов поминуваат низ сериозни тестови за нивната цврстина, но и покрај тоа, „точката од која нема враќање“ сѐ уште не е помината, смета министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Односите меѓу Русија и ЕУ во моментов поминуваат низ сериозни тестови за нивната цврстина, но и покрај тоа, „точката од која нема враќање“ сѐ уште не е помината, смета министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Јасно е дека во овој момент односите меѓу Русија и ЕУ поминуваат низ тестови за нивната цврстина. Деструктивната линија на европските партнери се црта преку нивните двојни стандарди во процената на ситуацијата во Украина, неоснованото префрлање на сета одговорност врз нас за тоа што се случува во Украина, со што сериозно се нарушување довербата во Европа“, изјави Лавров во интервју за весникот "El Pais".

„Освен тоа, убеден сум дека 'точката која нема враќање' во нашите односи сѐ уште не е помината. Се надеваме дека создаваните односи во минатите години се доволно цврсти за да не дозволат да одиме наназад, туку да се движиме нанапред“, додаде министерот. Тој подвлече дека е неопходно да се премине преку порочната логика на санкции и закани и да се префрлат односите на попрагматично ниво на барање на излез од насобраните проблеми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња