Бројот на слободни работни места во Московското биро за вработување е зголемено за 40.000 и изнесува 189.500. Ова го изјави Вадим Курдјашов, раководител на московското одделение за труд. Во истиот перидо во 2013 година имало слободни 152.100 работни места.
Најголем дел од слободните работни места се наоѓаат во градежништвото (41%), операциите со недвижнина, имот и изнајмување (20,7%), трговија на големо и мало (7,5%), транспорт и врски (7,1%), мануфактура (6%), појасни Вадим Кудрјашов.
Москва е град со една од најниските стапки на невработеност во Русија. Во Москва има официјално регистрирани 24.000 невработени, што изнесува околу 0,35% од економски активното население, односно, Москва е град со речиси целосна вработеност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче