Зимбабве е подготвен да им даде на десетина руски компании пристап до своите наоѓалишта, како и дозвола за изградба на заеднички капацитети за производство, соопшти Министерството за трговија на Русија.
Министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров, заедно со министерот за трговија на Република Зимбабве, Симбараше Мумбенгегви потпишаа протокол за подготвеност за соработка околу широк спектар прашања, отворање на пазарот во Зимбабве за руските инвеститори, се кажува во извештајот на министерството.
Основниот акцент е ставен на развивање на наоѓалиштето за платина, како и развивање на производство и извоз во соседните земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче