50% од трговијата меѓу Русија и Кина може да се одвива во рубљи и јуани

Во случај Кина да ги симне ограничувањата за валутните операции за Русија, двете држави можат да преминат на користење на своите валути за 50% од својата трговија, ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот министер за финансии на Русија, Алексеј Моисеев.

„Потенцијалот (во случај да се симнат ограничувањата) е колосален. Сметам дека до 50% од трговијата може да се пресмета во националните валути. Мислам дека тоа е реалистично“, забележа Моисеев.

Според неговите зборови, преминот на националниот валути зависи од реализацијата на планот за либерализација на валутниот курс на Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња