ЛНР: Киев не треба да ги попречува економските врски со Русија

Во законот за посебниот статус треба да се најдат и обврските на Киев, односно дозволата за развивање на економските врски меѓу Донецската и Луганската народна република со Русија. Како што пренесува РИА „Новости“, ова го изјави шефот на самопрогласената Луганска народна република, Игор Плотницки.

„Во законот треба да бидат утврдени обврските на Украина да не ги попречува слободните економски врски меѓу нашите репиблики со Русија“, изјави Плотницки.

Протоколот после завршетокот на средбата во Минск предвидува прифаќање од Киев на закон за посебниот статус на Луганската и Донецката област и спроведување предвремени избори. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња