Русија ќе одговори на новите санкции од Европската унија доколку тие бидат донесени, се пренесува на интернет-страницата на МНР на Русија.
„Наместо да се бара по секоја цена начин како да се удри по економиите на своите држави и Русија, Европската унија би требало да се зафати со поддршка на економскиот раст на Донбас и ревитализирање на животот во регионот. Што се однесува до новиот список санкции од страна на Европската унија, во случај истите да бидат прифатени, сигурно е дека ќе има реакција од наша страна“, се кажува во соопштение на МНР на Русија.
Како што изјавија во МНР на Русија, соопштението за новите антируски санкции е првата реакција на Европската унија после средбата во Минск и постигнатиот договор за прекин на огнот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче