Во 2013 година Вооружените сили на Русија ќе добијат не помалку од 230 нови авиони и хеликоптери, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.
„Како што знаете, Вооружените сили постојано добиваат нови авиони. Само во текот на оваа година ќе добијат 230 нови авиони“, изјави шефот на Министерството за одбрана.
Според зборовите на Шојгу, 50 единици веќе стапиле на воено дежурство, а уште 180 ќе стапат до крајот на годината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче