Списокот на производи чиј увоз е забранет ќе биде дополнет со жива риба, со исклучок на лососот и пастрмката. Ова се наведува во одлука на владата на Руската Федерација.
Диететските производи и витамини се изземени од овој список.
Од листата на забранети производи се исклучени и млекото без лактоза, како и некои видови овошје наменети за семе.
Русија на почетокот на август на период од една година го ограничи увозот на земјоделски производи од земјите кои воведоа санкции против Русија: САД, земјите на ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка. На удар се најдоа јагнешкото, свинското, птичјото месо, овошјето, зеленчукот, кашкавалите и млечните производи, оревите и други производи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче