Медиуми: Русија може да ги прошири санкциите против САД и ЕУ

Русија може да го ограничи увозот на индустриски производи, пренесува весникот „Ведомости“. Владата веќе ги упати соодветните предлози на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Русија може да го ограничи увозот на индустриски производи, пренесува весникот „Ведомости“. Владата веќе ги упати соодветните предлози на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Русија може да воведе дополнителни санкции доколку ЕУ и САД ги заострат своите санкции кон нас“, смета изворот во изјава за „Ведомости“.

Претходно и премиерот Дмитриј Медведев предупреди дека Русија може да воведе дополнителни санкции. На пример, Русија може да усвои заштитни мерки во автомобилската и авионската индустрија, во индустријата за бродоградба и други гранки, но тоа, според зборовите на премиерот, ќе биде осмислено за да не нанесе штета на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња