Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека одлуката на Швајцарија да воведе забрана за испорака на производи од воената индустрија во Русија, како и откажувањето на настапот на авионската акробатска група „Руски витези“ не е во склад со партнерските односи меѓу двете држави.
Во МНР на Русија се изненадени од откажувањето на официјалната посета на претседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин во Швајцарија, која беше планирана во септември.
МНР на Русија потврди дека во тек се подготовките за одржување на состанок на министрите на надворешни работи на Русија, Германија, Франција и Украина, кој треба да се одржи денес.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче