Русија ќе плати за „Мистралите“ откако Франција го испорача вториот брод

Генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Анатолиј Исајкин изјави дека Русија во целост ќе плати за договорот за испорака на француските носачи на хеликоптери „Мистрал“ дури после испораката на вториот брод, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Последниот трансфер за потпишаниот договор ќе биде извршен во ноември 2015 година, откако биде испорачан вториот брод“, изјави Исајкин.

Шефот на „Рособоронекспорт“ повика да не се посветува внимание на гласините дека француската страна не го исполнува својот дел од договорот.

Договорот за изградба на два носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“ вреди 1,2 милијарди евра, а Русија и Франција истиот го потпишаа летото во 2011 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња