Аналитичар: Турција ќе стане главен снабдувач на производи во Русија

Турција може да стане главен снабдувач на производи на рускиот пазар после воведувањето на забрана за увоз на производи од САД, ЕУ, Канада, изјави Хабибе Оздал, експерт во Центарот за евроазиски истражувања USAK, а пренесува „РИА Новости“.

Турција може да стане главен снабдувач на производи на рускиот пазар после воведувањето на забрана за увоз на производи од САД, ЕУ, Канада, изјави Хабибе Оздал, експерт во Центарот за евроазиски истражувања USAK, а пренесува „РИА Новости“.

Москва воведе забрана за увоз на одредени видови земјоделски продукти, суровини и производи. Во четвртокот владата на Руската Федерација го објави списокот на стоки чиј увоз ќе биде времено ограничен. Во него се најдоа говедското месо, свинското, овошјето, птичјото место, кашкавалите и другата млечна продукција. Покасно во списокот влегоа и јаболката кои се увезуваат од Полска.

Турција не е член на ЕУ, и затоа не е обврзана да применува санкции против Русија поради украинското прашање, а тоа за Анкара отвора големи можности, подвлекува Хабибе Оздал.

„Турција нема да применува санкции против Русија поради Украина. Ние не сме членка на ЕУ, па Турција нема да прифати учество во санкциите против Русија. Напротив, после воведувањето забрана од страна на Русија за европските производи, земјата доби големи предности. Русија одговори на санкциите на Западот сосема очекувано. И иако санкциите се меч со две острици, за нас оваа ситуација е многу позитивна“, смета политикологот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија