ЕУ е подготвена да го затвори небото за руските авиокомпании

Европската унија е подготвена да ги забрани летовите на авионите во сопственост на руските авиокомпании над Европа доколку Русија ги забрани транзитите на европските авиокомпании над Сибир. Како што пренесува Deutsche Welle, ова го јавил официјалниот претставник на Европската комисија во Германија, Рихард Кјунел.

Според зборовите на политичарот, ЕУ е подготвена за посилни мерки и да дејствува по принципот „око за око“.

Претходно беше соопштено дека европските авиокомпании можат да го забранат транзитот над Русија. Покасно во Белгиската асоцијација за пилоти беше изјавено дека ова решение може да доведе авионите на европските авиокомпании да летаат во Азија преку Северниот пол. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња