Путин нареди да се одговори на санкциите на Западот

Владимир Путин ѝ нареди на руската влада да создаде одговор на санкциите на Западот, пренесува ИТАР-ТАСС.

Владимир Путин ѝ нареди на руската влада да создаде одговор на санкциите на Западот, пренесува ИТАР-ТАСС.

 „Уште денес ја дадов таа наредба... Се разбира, тоа треба да се направи внимателно, треба да се поддржат руските производители, и да не им се наштети на потрошувачите“, изјави Путин за време на работната средба со губернаторот на Воронежската област, Алексеј Гордеев.

Путин забележа дека не ги смета за прифатливи „политичките инструменти за притисок врз економијата“.

Владимир Путин додаде дека очекува владата да ја изврши неговата наредба во најскор рок. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија