Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека не е разочаран од моменталната состојба на односите со Русија, пренесува The Economist.
„Не чувствувам разочарување. Имавме продуктивни односи со Медведев кога тој беше претседател. Направивме доста нешта. Сметам дека на Русија треба да се гледа како на дволик Јанус - кој гледа на исток и на запад. Сметам дека дејствата на Путин можат да бидат погубни на долгорочен рок, иако краткорочно тој може да стане доста популарен политичар во државата“, забележа Обама.
Освен тоа, претседателот на САД подвлече дека се надева на решавање на низа прашања околу нуклеарното оружје, за да не стане нов „камен“ на меѓународната арена. Исто така, тој изјави дека додека САД го контролираат тоа прашање, нема да се случи ништо непоправливо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче