Две третини од граѓаните на Русија за падот на малезискиот Боинг ја обвинуваат украинската армија и специјалните служби, се пренесува на интернет-страницата на ВЦИОМ.
64% од анкетираните сметаат дека одговорноста за тоа лежи врз Украина.
16% го обвинуваат Западот, а само 2% ги обвинуваат руските тајни служби и припадниците на самоодбраната.
38% сметаат дека репутацијата на Русија поради ова нема да настрада, а уште толку Руси не можеле да кажат дали Русија ќе има нарушен или ненарушен имиџ поради тоа. 8% сметаат дека ситуацијата ќе доведе до влошување на односите со Западот и Украина, а 7% сметаат дека тоа ќе предизвика воведување нови санкции од САД и ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче