На Германските гробишта во Прилеп е поставено спомен обележје за руските војници кои загинаа во Првата светска војна, која започна пред 100 години.
Спомен обележјето го обезбеди Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
„Први август е значаен датум за руската историја, оти точно пред 100 години започна Првата светска војна за Русија. Денес им оддаваме почит на војниците, цивилите, офицерите, сите кои загинаа во лудилото на војната, со силна порака дека такво нешто никогаш не смее да се повтори“, изјави Константин Барсенев, в.д. амбасадор на Руската Федерација во нашата земја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче