Министерството за економски развој на Русија разработи проект за прекин на дејството на договорот за слободна трговија меѓу Русија и Грузија. Документот веќе се наоѓа на порталот за правна информација.
Во проект-документот се забележува дека прекинот на дејството на договорот е усогласен со Министерството за надворешни работи на Русија, Министерството за економски развој и Министерството за правда. Договорот е потпишан во 1994 година.
На 18 јули парламентот на Грузија го ратифицираше договорот за асоцијација со ЕУ, а повеќето членови на тој договор ќе стапат во сила на 1 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче