Западот ја продолжува кампањата за оцрнување на Русија поради ситуацијата во Украина, и таа е без преседан, изјави заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Според неговите зборови, обвинувањата за снабдување на народната војска со тешко оружје се случуваат секојдневно. Притоа, досега нема ниту еден доказ претставено кое тоа ќе го потврди, изјави дипломатот.
Рјабков, исто така, ја спомна и катастрофата на малезискиот авион во Украина. Уште нема основи да се верува дека за време на дешифрирањата на „црните кутии“ на Боингот се извршени одредени манипулации, изјави тој. Дипломатот нагласи дека инцидентот е голема трагедија и дека Русија исто како и другите „е заинтересирана за доаѓање до вистината“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче