За соборување на малезискиот Боинг Вашингтон го обинува Путин

Владимир Путин е лично одговорен за соборувањето на малезискиот Боинг. Ова го изјави официјалниот претставник на Белата куќа. Џошуа Ернест, а пренесува „Ројтерс“.

Владимир Путин е лично одговорен за соборувањето на малезискиот Боинг. Ова го изјави официјалниот претставник на Белата куќа. Џошуа Ернест, а пренесува „Ројтерс“.

„Знаеме дека авионот ‘Malaysia Airlines’ е соборен од ракета лансирана од земјата. Авионот е соборен во реон контролиран од сепаратистите, во кој во тоа време немало активни сили на украинската ПВО“, изјави Ернест. „Затоа заклучивме дека Владимир Путин и Русите се одговорни за оваа трагедија“, додаде тој.

Претходно САД повеќе пати изјавуваа дека Боингот е соборен од проруските доброволци. Притоа, американската разузнавачка служба призна дека Вашингтон не располага со докази за директната вмешаност на Русија во соборувањето на авионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња