Западни медиуми: Франција и Германија тешко дека ќе поддржат нови санкции против Русија

Франција и Германија има мали шанси да поддржа нови дискриминаторски мерки против Русија, пишува The Independent, повикувајќи се на високи чиновници во француските и германските дипломатски извори. Станува збор за засилување на санкцискиот режим за одредени клучни руски енергетски, финансиски и одбранбени компании, за кои Британија се залага да бидат воведени санкции, се кажува во статијата.

Од своја страна, извори во британската влада признаа дека „спротивставувањето на другите европски главни градови“ ја намалува веројатноста за усогласување на нови санкции против Русија за време на средбата на шефовите на министерствата за надворешни работи во Брисел. Притоа, изворите забележаа дека таквата ситуација може да се измени.

Според зборовите на британските чиновници, многу нешта ќе зависат од позицијата на Холандија, која изгуби најголем број граѓани во авионската несреќа (190), и од тоа дали Холандија ќе смета дека новите санкции претставуваат опасност или пречка за истрагата на местото на падот на Боингот.

Париз и Берлин, од своја страна, се плашат дека брзото воведување дополнителни санкции против Москва може да биде контрапродуктивно и да биде пречка во соработката на Русија во истрагата околу катастрофата на малезискиот авион, се кажува во статијата. „Санкциите се начин да се стигне до целта, но не се цел“, забележа германскиот извор.

Претходно премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека руската економија може да се судри со селективни санкции во случај Москва да ја попречи истрагата и пристапот на местото каде што падна малезискиот авион на истокот во Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.