Америка воведе построги санкции против руските компании и чиновници поради ситуацијата во Украина, стои во документот на американското Министерство за финансии.
На „црниот список“ се најдоа потпретседателот на долниот дом на рускиот парламент, Сергеј Неверов, министерот за Крим, Олег Савелев, помошникот на рускиот претседател, Игор Шчоголев.
Освен тоа, под санкции се најдоа и самопрогласените републики Донецк и Луганск, како и премиерот на ДНР, Александар Бородај.
Санкции се воведени и против некои компании од рускиот одбранбено-индустриски комплекс, како на пример корпорацијата Алмаз-Антеј и концернот Калашников, компанијата Базалт, Ижмаш, Уралвагонзавод и други.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче